Top Sport

Јапонската сензација Осака против Серена во финалето на Ју-Ес Опен

Јапонската сензација и Наоми Осака и најдобрата тенисерката во историјата, Серена Вилијамс, ќе се борат за титулата на Ју-Ед Опен во женска конкуренција.

Осака е првата Јапонка во историјата што ќе игра во финалето на еден гренд слем турнир. Таа во полу-финалето полесно од очекувањата ја порази Американката Медисон Киз со 6:2, 6:4.

Во мечот што траеше 88 минути, Јапонката успеа да спаси дури 13 брејк топки.

Во финалето нејзина противничка ќе биде Серена Вилијамс.

foto: epa

„Многу ми значи овој момент, ви благодарам на сите. Одбранив 13 брејк топки бидејќи многу сакав да играм против Серена. Зошто? Поради тоа што таа е Серена. Чудно мие што ќе играм во финалето. Во одредени моменти се тресев од страви се моле да не направам двојна грешка. Порака за мојата мајка: „Успеав“, порака за Серена: „Те сакам“, рекла Осака по победата над Киз.

foto: epa

Серена Вилијамс стана највозрасната тенисерка која се пласирала во финалето на Ју-Ес Опен. 36-годишната Американка ја декласира Летонката Анастасија Севастова со 6:3, 6:0. Дуелот на Централниот стадион траеше само 66 минути.

Летонката направи брејк во првиот гем и само дополнително ја мотивираше Американката, која потоа целосно доминираше во мечот.

„Морав малку да се навикнам на нејзината игра, никогаш не сум играла против неа во минатото. Не го удира топчето силно како што тоа го прават другите. Потоа започнав да размислувам за финалето“, изјавила Серена.

Фиалниот меч на програмата е в сабота.

Scroll to Top