Top Sport

Модриќ: За да биде најдобар Мбапе треба да замине од ПСЖ

Фудбалерот на Реал Мадрид Лука Модриќ има совет за Килијан Мбапе како да стане најдобар играч во светот. Младиот напаѓач е играч на ПСЖ од 2018 година кога Монако од неговиот трансфер заработија 145 милиони евра. Инаку, Мбапе 2017 година ја мина во ПСЖ како позајмен играч.

Мбапе во 2018 година беше еден од клучните играчи во француската репрезентација на патот кон светската титула.

21 годишникот е еден од најдобрите во светот, а Модриќ верува дека ќе стане најдобар во светот доколку замине од Париз.

„Мбапе има се што е пторебо за да доминира. Сепак мислам дека највиското ниво ќе го достигне само доколку се пресели во некој друг клуб, во првенство во кое неговиот тим нема да победува со леснотија како што тоа го прави ПСЖ во Франција“, рекол освојувачот на Златната топка за 2018 година.

Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година, долг период тој се поврзува со Реал Мадрид.

Scroll to Top