Top Sport

Модриќ за ФИФА: Се што освоив сакам да го повторам!

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Лука Модриќ (35) во саботата со „коцкастите“ на домашен терен го совлада Кипар (1-0) и по 135-ти пат го носеше дресот на Хрватска.

Тој во кратко интерву за сајтот на ФИФА ги потенцираше неговите цели во репрезентативниот дрес.

-Како се чувствувате како играч со најмногу настапи за Хрватска?

„Се чувствувам сјајно, среќен сум и горд. Голема е честа да се сруши ваков рекорд. Сите други цели со репрезентацијата ми се важни. Како се доближував до оваа бројка, сакав да дојдам до врвот. Успеав“.

-Ќе биде ли ЕУРО 2021 ваше последно големо натпреварување?

„Тоа ќе го видиме по завршување на првенството. Хрватска мора да е јака како екипа. Верувам дека имаме квалитет и дека можеме да играме значајна улога. Одиме на ЕУРО амбициозно и со многу надеж, со желба да ја оправдаме високата репутација.

-Дали сте задоволен со кариерата или уште нешто ви недостасува?

„Без оглед на достигнувањата во клубот или репрезентацијата, се уште сакаш уште. Кога ќе освоиш трофеј, тоа сакаш да го повториш. Со Хрватска сакам уште еден голем успех, а на клупска сцена сакам да се борам за трофеи се додека имам можност“.

Scroll to Top