Шпанското обвинителство покренало нова истрага против фудбалерот н Реал Мадри, Лука Модриќ, објави „Мундо депортиво“.
Според истиот извор, Модриќ затаил данок во износ од 1,2 милиони евра. Тоа се случило пред шест години, кога Хрватот го реализирал трансферот од Тотенхем во Реал.
Според власите тој морал да плати данок за целата година, иако во Шпанија, во 2012 година, минал само четири месеци.
Од претходно, шпанското обвинителство води постапка против Модриќ дека во 2013 и 2014 година не платил данок во износ од 800.000 евра. Ова значи дека Модриќ вкупно затаил два милиони евра.
Тој е обвинет дека во Луксембург отворил фиктивна компанија, на која и ги пренел своите маркетинг права. Преку компанијата „Ивано“, Модриќ, во 2013 година затаил 290.000 евра, а во 2014 година затаил 579.000 евра.
„Мундо депотриво“, објави дека Модриќ преговара со шпанските власити за да избегне затворска казна.
Веројатно и неговиот случај ќе заврши како и оние на Роналдо, Меси, Марсело, Алексис Санчез, Жозе Мурињо, Хавиер Маскерано…Сите се спогодија да ги платат казните и каматите и да добијат условини затворски казни помали од две години.