Напаѓачот на Ливерпул и фудбалската репрезентација на Египет, Мохамед Салах е избран за најдобар на африканскиот континет во 2017 година.
Салах првата половина од годината играше во Рома, а во летниот преоден рок се пресели во Ливерпул каде за кратко време се наметна како лидер на тимот. Со 17 гола е најдобра стрелц на Ливерпул и втор во Премиер лигата зад Хари Кејн.
Исто така тој беше најзаслужниот што Египет, по пауза од 28 години, избори пласман на Светското првенство во Русија наредното лето.
Второто место во изборот го освои соиграчот на Салах од Ливерпул, Сенегалецот Садио Мане, додека Пјер-емерик Обамејанг (Борусија Дортмунд) кој беше најдобар во 2015 година го освои третото место.