Top Sport

Мохамед Салах потпишува за Ал-Итихад?

Египетската ѕвезда Мохамед Салах ќе стане нов играч на Ал-Итихад, тврдат саудиските медиуми. Тој треба да потпише договор со Ал-Итихад, кој испратил понуда до Ливерпул понуда од нереални 175.000.000 евра.

Салах во Ал-Итихад би заработувал 19 милиони евра месечно, колку што е речиси неговата годишна плата во Ливерпул.

Саудијците пишуваат дека Египќанецот треба да пристигне во Џеда со приватен авион во текот на денешниот ден, но, сепак, последниот збор ќе го има Ливерпул. Менаџерот Јирген Клоп инсистира Салах да остане и не сака да се откаже од главниот играч на тимот.

Ал-Итихад е актуелен шампион на Саудиска Арабија, а во тимот играат Карим Бензема, Н’Голо Канте и Фабињо, кој до неодамна беше соиграч на Салах во Ливерпул.

 

Scroll to Top