Колумбиецот Хуан Мохика го договорил трансферот во Атлстико Мадрид. 29-годишниот Колумбиец, минатото лето се поврзуваше со Црвена звезда, но реши да остане во Шпанија. Елче за 1.000.000 евра го откупи неговиот договор од Џирона.
Според шпанска „Марка“, 29-годишниот лев бек се согласил да се пресели во Атлетико Мадрид. Клубовите трба да го договорат обесштетувањето.
Мохика сезонава во дресот на Елче одигра 31 лигашки натпревар, со два гола и пет асистенции. Дресот на Колумбија го носеше 19 пати, а во Европа со неверојатна брзина го привлече вниманието на себе.
Интересно за овој фудбалер е дека 100 метри истрчал за 10,4 секунди.
Трансферот на Мохика, значи дека Ренан Лоди ќе замине од „Ванда Метрополитано“. Наводно Бразилецот за 35.000.000 евра ќе му биде продаден на Јувентус.