Top Sport

Мојс и Ван Гал му се смеат на Солскјер

Манчестер Јунајтед се во голема криза, а тренерот Оле Гунар Солскјер е најчестата мета на критиките од јавноста и навивачите. Последен, со изјава се јави поранешниот менаџер Дејвид Мојс, кој бележеше катастрофални резултати со „црвените ѓаволи“.

Мојс го коментираше поразот на Јунајтед од неговиот исто така поранешен тим Евертон. „Карамелите“, вчера, го прегазија Манчестер Јунајтед со 4:0.

„Не се сеќавам дека некогаш сум видел толку лошо издание на Јунајтед. Луѓето сега можеби ќе побараат некои натпревари што сум ги водел јас, но се надавам дека нема да најдат издание како ова“, рекол Мојс.

Незадовлен и со остри критики се огласил уште еден поранешен тренер на славниот клуб, Луј Ван гал.

„Јунајтед играат анти-фудбал и мислам дека Оле воопшто не се плаши да го паркира автобусот. Тој е насочен на дефанзивата. Против големите тимови игра на тој начин. Ја потенцира одбраната, а не нападот, а јас тоа го нарекувам „паркирање на автобус“. Разликата е во тоа што Оле тоа не го прави пред шеснаесетникот, туку пред голманот Де Хеа. Јунајтед мора да има поинаков стил доколку сака да биде доминантна сила во Англија и Европа“, рекол Ван Гал.

Scroll to Top