Top Sport

Мојс ќе го продолжи договорот со Вест Хем

Дејвид Мојс ќе потпише нов договор со Вест Хем јунајтед. Клубот реши да го награди менаџерот за одличните резултати кои со „чеканите“ ги постигна минатата сезона.

Вест Хем јунајтед, минатата сезона ја завршија на шестото место во Премиер лигата. До финишот на сезоната се бореа за место во Лигата на шампионите, на крајот изборија пласман во Лига Европа.

Мојс, во кариерата ги предводел Евертон, Манчестер јунајтед, Реал Сосиедад и Сандерленд.

Клубот не ги објави деталите од новиот договор.

Scroll to Top