Екс-тренерот на Евертон и на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс планира враќање во клуб од Премиерлигата, јавуваат англиските медиуми.
Обложувалниците на Островот претходните денови ги преполовија квотите кога се работи за негово враќање на кормилото на Евертон затоа што се повеќе се зборува за промена на менаџерот на „карамелите“, Марк Силва.
Мојс не би имал ништо против тоа да се врати на „Гудисон парк“. Оваа вест се појави откако беше соопштено дека изминатите денови челниците на Евертон имале разговор со неколку менаџери кои би можеле да седнат на клупата на „карамелите“.
Информациите се дека Мојс веќе одбил неколку понуди од тимови кои се натпреваруваат во Чемпионшим односно Лига1 (втора и трета англиска лига) затоа што има намера да се врати во најсилната англиска лига.
Со Евертон Дејвид Мојс досега имаше најдобри резултати, затоа што неговите „авантури“ во Сандерленд, Вест Хем и Реал Сосиедад не можат да се оценат како успешни.
Освен Мојс, како сериозен кандидат за местото менаџер на Евертон сеспоменува и помошникот на Гвардиола во Сити, Микел Артета.