Top Sport

Хорор сцена на футсал меч во Бразил, со нога директно во глава (видео)

Хорор сцена е забележана на меч во бразилската футсал лига.

На дуелот меѓу Коринтијанс и Сао Карлос дојде до класичен нокаут.

Играчот на Коринтијанс, Батаља со нога го удри во глава противничкиот играч Фернандињо по што овој падна како покосен на паркетот и остана да лежи без знаци на живот.

Настана паника на теренот и во гледалиштето, по што веднаш му беше укажана помош на повредениот играч.

Батаља за крвничкиот старт заработи само жолт картон.
Погледнете :

Scroll to Top