Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Дејвид Мојс открива дека имал шанса да потпише договор со најскапиот дефанзивец на светот, Хери Мегвајр додек тој бил фудбалер на Шефилд јунајтед, но го одбил трансферот бидејќи сметал дека тогаш бил „преголем“ да игра во Премиер лигата.
„Не се обидовме да потпишеме со него, но го означивме како фудбалер од интерес за нас. Знаев дека има фудбалери од пониските лиги кои направиле големи кариери, како Тим Кејхил во Евертон. Мегвајр играше против Престон норт енд и го гледав цел меч. Тој беше добар, но тогаш беше многу голем. Бидејќи беше млад, сметав дека уште ќе расне и ќе биде преголем за Премиер лигата“, вели Мојс.
Сега, ова лето Јунајтед платија 80 милиони фунти за Мегвајр, и Мојс вели дека не згрешил кога не потпишал со него.
„Да бидам фер, сега е во фантастична форма и не се сменил многу. Но, тогаш ги имавме Немања Видиќ, Рио Фердинанд, Џони Еванс, Мајкл Кин, Фил Џонс, Крис Смолинг, така што уште еден млад центархалф не беше најпотребното. Мегвајр исто така мораше да го изоди својот пат преку Лестер. Понекогаш е потребен тој пат за да се стигне до целта“, објаснува Шкотланѓанецот.