Top Sport

Мојс и Вест Хем бесни по уште еден англиски трилер (видео)

Бурнемаут и Вест Хем ги поделија поените во фантастичен меч на „Виталити стадионот“, полн со пресврти, контроверзи и секако, дури шест голови (3:3).

Вест Хем поведоа уште во седмата минута, пред Бурнемаут да направат целосен пресврт за 2:1 водство и да бидат на чекор до прва победа во Премиер лигата по осум меча, кога Асмир Беговиќ направи две грешки за да дозволи Марко Арнаутовиќ да постигне два гола и водство од 2:3 во 89. минута.

Меѓутоа, возбудите не завршија тука, откако Калам Вилсон израмни во 94. минута од сомнителна офсајд позиција. Голот на Вилсон прво не беше признаен, но по дискусијата на главниот судија Боби Медли со неговиот помошник, домаќините стигнаа до 3:3 и до поен.

Со овој резултат, Бурнемаут остануваат трети одзади, со еден поен и едно место заостанување зад Вест Хем.

Scroll to Top