Top Sport

Мојс заминува, Вест хем ќе го „бркаат“ Потер?

Поранешниот менаџер на Челси, Греем Потер, наскоро може повторно да се врати на фудбалот во Лондон, како замена за Дејвид Мојс во Вест хем, бидејќи Шкотланѓанецот планира да замине од клубот на крајот на сезоната, тврди „Дејли мејл“.

Потер си направи репутација на одличен тренер со Брајтон, но ја уништи таа репутација во неколкумесечниот престој на „Стемфорд Бриџ“, но тоа не им пречи на премиерлигашите да го бараат. Според „Дејли мејл“, самиот Потер се двоуми поради тешката задача која му претстои во „организација“ на „чеканите“, кои се само 15. оваа сезона, а во исто време Вест хем веќе биле одбиени од Нуно Еспирито Санто и Маурисио Почетино.

Договорот на Мојс со Вест хем завршува на крајот на сезоната, и тренерот и клубот се подготвени за разделба по тешка сезона на „Лондон стадионот“.

Scroll to Top