Top Sport

Гркинката Сулуку стана генерален менаџер на Рома

Рома и официјално потврдија дека поранешната прва жена на Олимпијакос, Лина Сулуку е нов извршен диретор и генерален менаџер на клубот по неочекуваната разделба со Пјетро Берарди во понеделникот.

„Лина е искусен и почитуван лидер во фудбалот и бизнисот и прекрасно е што можеме да и посакаме добредојде во семејството на Рома. Со неа ќе продолжиме да работиме на изградба на тим со кој ќе се гордеат фановите на Рома и целиот град“, се вели во изјавата на газдит, Ден и Рајан Фридкин.

Сулуку има дипломирано спортско право и работи во фудбалот повеќе од 15 години, од кои од 2018 до 2022 во Олимпијакос. Таа исто така е во бордот на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА).

Италијанските медиуми тврдат дека Берарди бил заменет поради лошите односи со семејството Фридкин, но и со тренерот Жозе Мурињо.

Scroll to Top