Унгарски МОЛ Фехервар каде настапува македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов вечерва во четвртфиналето од квалификациите за Лига Европа го совлада тимот на Вадуз од Лихтенштајн со 1-0. Николов го одигра целиот меч за својот тим.
Во поинтересните дуели од вечерната програма Гент од Белгија и Виторул Констанца од Романија одиграа натпревар за паметење. Домаќините славеа победа со 6-3. Сигурни и убедливи победи остварија Еспањол, Вулверхемптон и Торино.
Еве ги сите резултати од вечерашните натпревари кои започнаа во 20 часот:
Норчепинг (Шве) – Лиепаја (Лат) 2-0
Пјаст (Пол) – Рига (Лат) 3-2
Луцерн (Шва) – Клаксвик (Фар) 1-0
АЗ Алкмар (Хол) – Хакен (Шве) 0-0
Арис (Грц) – АЕЛ Лимасол (Кип) 0-0
Дунајска Стреда (Сло) – Атромитос (Грц) 1-2
Јинес Ех (Лук) – Гимараеш (Пор) 0-1
Будуќност (Цр.Г) – Зорја (Укр) 1-3
Домжале (Сло) – Малме (Шве) 2-2
Глазгов Ренџерс (Шко) – Нидеркорн (Лук) 2-0
Стразбур (Фра) – Макаби Хаифа (Изр) 3-1
Вулверхемптон (Анг) – Крусајдерс (С.Ир) 2-0
Еспањол (Шпа) – Стјарнан (Исл) 4-0
Легиа (Пол) – КуПС (Фин) 1-0
Шамрок Роверс (Ирс) – Аполон (Кип) 2-1
Торино (Ита) – Дебрецин (Унг) 3-0
Валур (Исл) – Лудогорец (Бул) 1-1