Top Sport

Проблем за Зидан, се повредил Менди

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, одредено време нема да може да смета на левиот бек Ферлан Менди. Засилувањето од Олимпик Лион има проблем со бутниот мускул на десната нога.

Клубот соопшти дека Менди се повредил на последниот тренинг. Не е познато од каква природа е повредата и колку Менди ќе паузира.

Францускиот репрезентативец на почетокот на преодниот рок пристигна во Реал за сума од 48 милиони евра.

Scroll to Top