Top Sport

Молк на „Вестфален“ – Лајпциг ги декласира „милионерите“

Борусија Дортмунд доживеа вистински дебакл во дербито со Лајпциг. Навивачите кои по 763 дена пауза ги исполнија трибините на „Вестфален“, ја видоа победата на Лајпциг од 4:1.

Борусја Дортмунд уште еднаш оваа сезона дека нема капацитет да се бори за шампионската титула. Неколку пати во текот на сезоната „милионерите“ не ги користеа киксовите на Баерн, а вечерва пропуштија можност со шест бода помалку да влезат во дербито против Баварците наредната недела.

Лајпциг ја демонстрираше добрата форма во која се наоѓа тимот по доаѓањето на Џовани Тедеско.

Лајмер со головите во 21. и 30.минута ја најави победата на Лајпциг. Нкунку во 58.минута зголеми на 3:0 и тука беше јасно дека Лајпциг ќе забележи победа.

Мален го намали резултатот во 84.минута, а само две минути подоцна Олмо го постави конечниот резултат.

Баерн се лидери со 66 бода, Борусија има 57, Баер Леверкузен 54, а Лајпциг 51 бод на шест кола до крајот на сезоната.

Scroll to Top