Foto/ Index.hr
Рафел Гомеш Сирино, попознат во јавноста како Белињо, ќе игра за хрватската репрезентација. Белињо има 14 години, во Хрватска пристигна во 2021 година.
Најталентираното момче во школата на Динамо ја одби поканата на Фудбалскиот сојуз на Бразил, со семејството реши да заигра за Хрватска каде живее веќе неколку години.
Така, Хрватска може да добие нов Бразилец во својата репрезентација. Претходно дресот на Хрватска го носеа Едуардо да Силва, кој исто така како момче пристигна во Динамо, и неговиот сонародник Самир, кој настапи на СП во 2014 година во Бразил.
„Бевме повикани од Бразилскиот фудбалски сојуз, но момчето сака да игра за Хрватска. Луѓето од Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) силно се залагаа тој да ја прифати нивната покана и веќе работиме на тоа да до крајот на годината да добие пасош. Тој ја прифати поканата од ХНС. На Белињо му е многу убаво во Хрватска, неговото семејство е среќно тука, тој одлично зборува хрватски и го смета Загреб за свој дом“, изјави за „Индекс“, менаџерот на Белињо, Енди Бара, кој го донел во Хрватска со семејството пред две години.
Белињо се појави во Динамо во 2021 година за време на короната, но не можеше да биде регистриран бидејќи правилата на ФИФА не го дозволуваа тоа поради неговата возраст.
Се вратил во Бразил за да дојде повторно во Нови Винодолски со татко му и брат му по семејната трагедија.
Неговата мајка починала во Бразил, а татко му решил да се пресели во Хрватска во потрага по егзистенција.
Се вработи во Нови Винодолски, Белињо почна да тренира во НК Винодол, а потоа дојде во Динамо каде сериозно сметаат на него.
„Мислам дека може да биде играч од сто милиони евра. Има 14 и пол години и не знаеме што ќе се случи бидејќи е дете. Но, ако продолжи со ова темпо и ако успее да го одржи тоа ниво и разликата што ја прави оваа година ќе биде убедливо најскапиот играч во историјата на ХНЛ. Ако го достигне сениорското ниво и го задржи нивото што го има сега, што на пример го покажаа Ковачиќ или Халиловиќ, ќе биде чудо. Ако игра вака во сениорски фудбал, тој од Динамо ќе замине за 50 милиони евра. Тој е подобар играч од Самир“, изјави Бара неодамна во интервју за „Индекс“.
Белињо, поради повреда на рамото, оваа сезона забележа само два настапи за пионерите Динамо во првата лига. Минатата сезона тој постигна шест гола на 15 настапи за пионерите на Динамо.