Ѕвездата на Барселона, Гави стави потпис на нов договор со кој ќе остане во клубот барем до 2026 година, потврдија од клубот, поставувајќи откупна клаузула од фантастични 1 милијарда евра.
Барса се обидуваше да го убеди 18-годишниот фудбалер од средниот ред да се посвети на клубот, откако тековниот договор му завршува на крајот на сезоната, и сега со официјална потврда, тие му дадоа нов четиригодишен договор со огромна клаузула за отпуст, со што се рушат надежите на Ливерпул и Манчестер јунајтед да го „украдат“ талентот, кој веќе има место во стартниот тим на Чави Ернандез.
Гави ќе го потпише новиот договор пред навивачите на клубот на „Ноу Камп“ во четвток навечер, по што ќе се обрати на фановите, заедно со претседателот Жоан Лапорта.
THE FUTURE IS CULER ?❤️#MadeinLaMasia pic.twitter.com/pnRO9taFOv
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 14, 2022
????, ????? ????? ????!
? The renewal event will be this Thursday at 6 p.m. at Spotify Camp Nou. We'll see you there!
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 14, 2022