Top Sport

Момче родено во 2008 година дебитираше за Сенегал

Актуелниот шампион на Африка, Сенегал ја пречека Руанда во квалификациски натпревар за следното издание на Африканскиот куп на нации. На крајот фаворизираниот домаќин се изнамачи, одигра нерешено 1:1.

Водечкиот гол на Мамаду Камара во 66. минута длабоко во судиското надополнување беше поништен од Оливер Нијозима.

На овој натпревар во 71. минута беше испишана историјата на сенегалскиот фудбал. Во игра наместо Шеик Сабали влезе Амара Диуф, момче кое пред три месеци наполни 15 години. На точно 15 години и 94 дена Диуф стана најмладиот играч во историјата на националниот тим.

За малку ќе постигнеше гол за 2:0, но неговиот обид беше сопрен од голманот на Руанда. Селекторот на Сенегал, Алиу Сисе, го повика во А-тимот, откако го предводеше Сенегал до златото на Купот на нации на Африка до 17 години како најдобар стрелец на турнирот.

Scroll to Top