Top Sport

Пирло знае зошто Интер испаднал од ЛШ

Легендарниот италијански фудбалер, Андреа Пирло, бил многу разочаран што Интер не успал да се пласира во нокау-фазата во Лигата на шампионите.

Тој во разговор за „Скај спорт“, се обидел да ги детектира проблемите на Интер. Екипата од Милано, во последното коло во својата група, не успеа да го победи ПСВ Ајндховен (1:1), а бидејќи Тотенхем одгра 1:1 во Барселона, англискиот тим поради подобриот меѓусебен скор се пласира во нокаут рундата.

„Интер има два проблеми. Перишиќ не е подготвен, кога е тоа така, тој не може да направи разлика на теренот. Вториот проблем е отсуството на Наинголан. Тој е клучниот играч за овој тим. Интер со нив и без нив не е истиот тим“, рекол Пирло.

Интер, европската сезона ќе ја продолжи во Лига Европа.

Scroll to Top