Top Sport

Монако го „бие малер“! Генгам успеа да ги исфрли од Лига купот (видео)

Монако не игра ништо подобро ниту со враќањето на Леонардо Жардим на клупата по отказот на Тјери Анри. Славниот клуб од „Луј Втори“ загуби шанса да се бори за трофеј оваа година, откако беше елиминиран во полуфиналето од Лига купот од Генгам на пенали, иако имаше 0:2 водство по 24 минути игра!

Иако остана со играч помалку по 14 минути игра, по црвениот картон на Вилијам Ваинке, Монако дојде до 0:2 водство со головите на Рони Лопес и Александер Головин на половина од првото полувреме. Сепак, Генгам, кој претходно го шокираше Пари Сен-Жермен во четврт-финалето на Лига купот, се врати во игра со головите на Александер Менди во 46. минута и на Маркус Турам (синот на легендарниот Лилијан) во 55. минута.

По ова, следуваше изведувањето на пенали, и по седум серии, фудбалерите на Монако утнаа трипати, дозволувајќи Генгам да стигне до 5:4 победа и пласман во финалето каде што ќе играат со подобриот од дуелот помеѓу Стразбур и Бордо.

Scroll to Top