Top Sport

Монако го купија Балоган од Арсенал за 40 милиони евра

Монако го потврдија трансферот на американскиот фудбалер Фоларин Балоган од Арсенал за 40 милиони евра, и тој потпиша петгодишен договор со клубот од Лига 1.

22-годишниот Балоган веќе помина една сезона во Франција како позајмен фудбалер на Ремс, постигнувајќи фантастични 22 гола, но не беше во плановите на менаџерот Микел Артета и си заминува со само 10 сениорски настапи за „топчиите“.

Монако на почетокот на новата сезона во Лига 1 се на првото место со 7 поени од три меча, и во сабота играат со Ленс.

Scroll to Top