Португалецот Леонардо Жардим повеќе не е тренер на фудбалскиот клуб Монако. Резултатите му пресудија на тренерот кој со Монако во сезоната 2016/2017 ја освои шампионската титула во Франција.
И вториот мандат на Жардим во Монако завршува со отказ. Првиот кој го започна во 2014 пред време го заврши во ноември 2018 година, но само по неколку месеци челниците го вратија во клубот.
Сезонава Монако играат промеливо имаат осум победи и шест порази во првиот дел од сезоната. Со 28 бода Монако се на седмата позиција на табелата.
Наседникот на Жардим најверојатно ќе биде Шпанецот Марсело, кој на почетокот на сезоната поради несогласувања со сопственикот доби отказ во Валенсија.
Кој и да биде новиот тренер на Монако ќе го има најтешкото можно деби на клупата. Клубот од кнежевството на 12 јануари ќе гостува кај Пари Сен Жермен.