Top Sport

Монако го потврдија трансферот на Минамино од Ливерпул

Тренерот на Монако, Филип Клемен потврди дека го добил големото засилување во летниот преоден рок, напаѓачот на Ливерпул, Такуми Минамино. Иако формално договорот не е потврден Клемен во саботата по пријателскиот меч со Серкл Бриж потврди дека Јапонецот доаѓа во кнежевството, наводно за 15 милиони фунти.

„Го следиме подолго време и тој беше високо на нашата листа. Сите сме сигурно дека ќе ни донесе голем напредок во квалитетот на Монако“, изјави Клемен.

Минамино дојде на „Енфилд“ за 7.2 милиони фунти во јануари 2020 од Ред бул Салцбург, но не успеа да се наметне во првиот тим на Јирген Клоп. Надежите за иднина во Ливерпул станаа уште помали за 27-годишниот Јапонец по трансферите на Луис Дијаз и Дарвин Нуњез. Во две и пол сезони со Ливерпул, тој имаше 53 настапи, од кои само 11 во Премиерлигата минатата сезона.

Scroll to Top