Италијанските медиуми пишуваат дека Монако е серизно заинтересиран за улугите на актуелниот тренер на Наполи, Маурисио Сари. Наводно, Монако, бил подготвен да му понуди на Сари плата од шест милиони евра, што е двојно повеќе од она што го заработува во Наполи.
Интересот на Монако го потврди и Сари, без да одговори дали ќе ја прифати истата. На медиумите Сари им рекол дека е фокусиран само на натпреварите во Серија, бидејќи „борбата за скудетото се уште не е завршена“.
Сари е еден од најценетите тренери во фудбалскиот свет, а стилот на игра што го форисира во Наполи, сезоната наиде на пофалби од Зинедин Зидан и Пеп Гвардиола.