Top Sport

Монако испратиле понуда за Франк Кеси

Монако во Милано испратиле понуда за фудбалерот на Милан, Франк Кеси, пренесуваат италијанските и француските медиуми. Репрезентативецот на Брегот на Слонова коска нема загарантирано место во тимот кај новиот тренер.

Од „малото кнежевство“ за Кеси понудиле 23 милиони евра, што е за седум милиони помалку од она што го бара Милан.

Многу е веројатно дека клубовите ќе успеат да ја усогласат цената, бидејќи на Милан му се потребни пари за да го донесат Анхел Кореа од Атлетико Мадрид.

Преодниот рок завршува на 2 септември.

Scroll to Top