Top Sport

Сефте за Лампар во Премиер лигата, Абрахам херој на Челси (Видео)

Френк Лампард ја забележа првата победа во Премиер лигата како менаџер на Челси. „Сините“ по поразот од Манчестер Јунајтед и ремито со Лестер, во третото коло забележаа победа на „Кероу роунд“ во Норич (3-2).

Члеси до победата го носеа фудбалерите на кои им се предвидува блескава иднина, Абрахам и Маунт.

Ефикасно одиграа Норич и Челси во првото полувреме, тимот на Лампард два пати имаше предност преку Абрахам и Маунт, а домашните се враќаа преку Кентвел и Пуки.

Финецот Пуки го постигна петтиот гол сезонава и е лидер на листата на најдобри стрелци.

Дилемите околу победникот ги реши Абрахам со својот втор гол во 68 минута. До крајот на мечот Челси постигна уште еден гол, кој судијата Еткисон го поништи по консултацијата со ВАР-собата.

Scroll to Top