Top Sport

Монако ќе им ги врати парите на навивачите по дебаклот во Париз

Фудбалскиот клуб Монако ќе им ги врати парите на оние навивачи кои синоќа, на „Паркот на принцовите“ во Париз, беа сведоци на дебаклот на нивниот тим. Монако беше декласиран од ПСЖ 1:7.

Екипата од „малото кнежевство“, покрај дебаклот, му ја предаде титулата на ПСЖ. Екипата од Париз на пет кола до крајот стекна недостижна предност од 17 бода.

„Единствено навивалите беа на потребното ниво на овој натпревар. И покрај катастрофалниот резултат тие се обидуваа да го „подигнат“ тимот. Ветуваме по овој срамен пораз, дека во идните натпревари ќе сториме се да ги направиме горди“, стои во официјалното клупско соопштение.

Scroll to Top