Top Sport

Салах: Сакам титула во ЛШ, не сум заинтересиран за другите награди

Првиот стрелец во Премиер лигата на Англија, Мохамед Салах, рекол дека освојувањето на титулата во Лигата на шампионите му е пред секоја индивидуална награда.

Салах во досегашниот тек од сезоната има постигнато 30 гола во Премиер лигата, пет повеќе од Хари Кејн, трет е Серхио Агуеро од Манчестер сити со 21 гол.

„Кога би можел да избирам помеѓу Лигата на шампионите и индивидуалните награди, секако дека би ја избрал Лигата на шампионите. Освојувањето на Лигата на шампионите е цел на сите во клубот, останатото не ме интересира“, изјавил Салах за британските медиуми.

Ливерпул, во полу-финалето во Лигата на шампионите, ќе игра против Рома. Првиот натпревар се игра на 24.април, три дена пред овој меч „црвените“ во првенството ќе играат против ВБА.

„Секако дека во главата ми е и „златната копачка“. Не можам да лажам дека не размислувам и за таа нграда. Сите во тимот се обидуваата да ја проследат топката до мене. Сигурен сум дека играчите на Тотенхем истото го прават за Хари Кејн, исто како што тоа го прават и фудбалерите на Манчестер сити за Серхио Агуеро. Тоа е така, но на крајот кога ќе погледнете ние играме како тим“, дополни репрезентативецот на Египет.

Scroll to Top