Top Sport

Монако се крена од „мртвите“ и направи пресврт

Монако оствари многу важна победа над Брест (4:2) иако на почетокот имаше два гола негатива. „Кнезовите“ пред последното коло се наоѓаат на втората позиција на табелата во францускиот шампионат со 68 бода, идентично како и Олимпик Марсеј, и имаат шанса да се пласираат во ЛШ.

Дуверн и Белаили донесоа два гола предност за Брест, но потоа на сцена стапи Бен Једер и со хетр – трик се погрижи за пресврт. Четвртиот гол за Монако беше дело на Кевин Воланд.

Олимпик Марсеј си ја закомпликува ситуацијата откако загуби од Рен со 2:0. Рен сега има три бода помалку од Монако и од Марсеј.

Пари Сен Жермен славеше со 0:4 на гости кај Монпелје. Два гола постигна Лионел Меси, а во листата на стрелците се запишаа и Анхел Ди Марија и Килијан Мбапе од пенал.

Лориен со ремито без голови на гости против Бордо успеа да обезбеди опстанок во елитното француско друштво.

Scroll to Top