Top Sport

Монако во драматична пенал-серија го помина Рен (видео)

Монако, конечно, успеа да сврзе значајна победа под водство на Тјери Анри, откако го елиминираше Рен во четврт-финалето на Лига купот на Франција по 11 серии на пенали.

Рен во 30. минута по одличната асистенција на Бен Арфа дојде во водство преку Бурижо, пред Рони Лопес да израмни за Монако во 55. минута.

Во пенал-серијата по 11 серии во кои имаше шест промашени пенали, дојде време за голманите да се соочат еден со друг. Кубек го утна својот пенал, по што Лоик Бедиашил погоди за пласман во четврт-финалето.

Scroll to Top