Top Sport

Браво момци! Македонија ја „прегази“ Унгарија и ќе игра ЕП во одбојка!

Македонија со 3:0 (25:21, 25:20, 25:21) ја победи Унгарија за да стигне до неверојатен пласман на Европското првенство во одбојка во 2019 година, откако претходно за нас одиграа Летонија и Шведска, обезбедувајќи ни пласман меѓу најдобрите второпласирани репрезентации.

На собирот на најдобрите европски репрезентации Македонија го „фаќа“ последниот воз, како петтопласирана во мини-табелата на второпласираните натпреварувања, откако момците знаеја дека мораат да одат на победа и не им дадоа шанса на Унгарците да „здивнат“.

За разлика од првиот меч на гости, кога Македонија прво имаше предност од 2:0 по сетови, за потоа во тај-брејкот да го решава победникот, во Скопје немаше дилеми и момците на селекторот Никола Матијашевиќ можат да бидат горди со најголемиот успех во репрезентативната одбојка во историјата на Македонија.

Scroll to Top