Top Sport

Монца го шокираше Интер на „Меаца“

Интер го доживеа четвртиот пораз во последните пет натпревари во Серија А откако вечерва загуби на домашен терен од Монца со 0:1. Тимот на Симоне Инзаги никако не може да го пронајде потребниот ритам во италијанскиот шампионат.

Сега веќе сериозно е загрозен пласманот во Лигата на шампионите за следната сезона.

Монца добро парираше во првиот дел, а потоа ја искористи својата шанса и постигна победнички гол преку Лука Калдирола во 78.минута од дуелот.

Scroll to Top