Top Sport

Мончи е нов спортски директор на Астон вила

Астон вила потврдија дека Рамон Родригез Вердехо, попознат како Мончи, е нов спортски директор на клубот, пристигнувајќи од истата позиција од шампионот од Лига Европа, Севилја.

Мончи повторно ќе работи со својот шпански сонародник, менаџерот Унаи Емери со кого работа во Севилја. Претходниот спортски директор на клубот, Јохан Ланге ќе стане директор за фудбалски развој. 59-годишниот генерален директор на клубот, Кристијан Пурслоу, пак, си заминува од Бирмингм.

Мончи пристигнува во Премиерлигата, откако Астон вила прво го договорија спортскиот директор на Барселона, Матеу Алемани, кој минатиот месец се предомисли и реши да остане во Каталонија.

Scroll to Top