Top Sport

(Видео) Фотографијата на Џек Грилиш, на крајот, заврши во тоалетот во Лувр

На ѕвездата на Манчестер сити, Џек Грилиш му е исполни желбата да заврши во славниот музеј Лувр во Париз, откако „Педи пауер“ се погрижи тоа да се случи.

По 1:0 победата над Интер во финалето на Лигата на шампиони, англискиот репрезентативец влезе во луда прослава која траеше неколку дена, за потоа да објави фотографија на која слави на автобусот во Манчестер со порака: „Обесете ја фотографијата во Лувр“.

Обложувалницата „Педи пауер“ го прифати предизвикот, и замина во Лувр, каде што по неуспешен обид да ја постават до славната Мона Лиза, ја потавија во еден од тоалетите.

Scroll to Top