Пропадна планот на Арсенал на позицијата спортски директор да биде ангажиран Рамон Родригез Вердехо, во светот на фудбалот познат како Мончи.
Мончи пред десет дена поднесе оставка на позицијата во Рома. Оставката ја предизвика елиминацијата на Рома од Лигата на шампионите. Покрај Мончи оставка доби и тренерот Еузебио Ди Франческо.
Мончи, кој како спортски директор, го кроеше ростерот на Севилја, со која постигна огромен успех, добил понуда од Арсенал, каде би соработувал повторно со тренерот Унаи Емери.
Арсенал му понудиле идеални услови за работа и годишна плата од 2,5 милиони евра. Сепак Мончи решил да се врати на местото на успехот во Севилја.
Позицијата спортски директор на „Рамон Санчез Писхуан“ е слободна откако тренерот Пабло Манчин доби отказ во петокот, а нов тренер е Хоакин Капарош, кој ја вршеше функцијата.
Мончи е поранешен голман на Севилја, а како спортски директор му овозможи на клубот од продажбата на фудбалери да заработи преку 200 милиони евра. Мончи е човекот што ги откри Серхио Рамос, Дани Алвеш, Хулио Баптиста, Хосе Антонио Рејес, Хесус Навас, Адријано…
Иако неговото враќање официјално не е потврдено, враќањето дома Мончи го најавил на социјалните мрежи.
„Срцето никогаш не го заборава местото на кое неговите отчукувања најубаво се слушаат“, напила Мончи.
Во мандатот на Мончи Севилја три пати по ред ја освојуваше Лига Европа.