Винченцо Монтела изјави дека е задоволен од перформансите на неговиот Милан, но и лут што загуби од Наполи по добрата игра при поразот од 2:1.
„Покажавме карактер, и додавањата беа супер. Кога ќе загубиш, нормално дека се чувствуваш лошо, а кога ќе загубиш и си играл добро, тогаш си и вознемирен. Последните два порази беа од Јувентус и Наполи, така што нормално е што тие се пред нас. Но, бевме во игра во двата натпревари и горд сум на моите момци, а му благодарам и на клубот што ми дава поддршка и доверба. Лошо ми е кога ќе погледнам на табелата, но сега имаме полесен распоред“, вели Монтела.
Милан имаат шест победи, едно реми и дури шест порази во Серија А оваа сезона, иако потрошија многу пари на засилувања и ветувањата беше дека ќе видиме „нов Милан“. Монтела не губи надеж за пласман во топ 4.
„Јас сум навистина оптимист, не знам зошто. Чувствувам дека го надминавме најлошиот дел од нашата сезона и дека сега ќе оди напред. Останувам уверен дека овие играчи ќе бидат многу подобри во иднина“, додава Монтела.