Top Sport

Пропушти шанса да игра на „Вембли“ за да стане тату-артист

Третолигашот Њупорт во средата загуби од Тотенхем со 2:0 во повторениот меч од четвртото коло на ФА купот без својот играч Шон Риг, кој реши да го напушти фудбалот за да отвори салон за тетоважи.

Риг, кој помина 12 години како професионален фудбалер си заминал договорно од Њупорт откако решил дека е време за промена.

„Мислам дека имав пристојна кариера, а парите не владеат со светот. Мораш да бидеш среќен и не бев со тоа како одеа работите. Не добивав многу шанси за и немав среќа. Луѓето сметаат дека има повеќе пари во фудбалот отколку во тетоважите, но тоа е за играчите од Чемпионшип па нагоре. Во моментов и со тетоважи добро се заработува, посебно за тие кои се најдобри“, вели Риг.

Сепак, фудбалот нема да биде далеку за риг – тој доби делумно место во аматерскиот клуб Бет.

„Со фудбалот ќе можам да уживам и да направам добра репутација како артист“, објаснува Риг.

Тотенхем без мака преку Њупорт (видео)

Scroll to Top