Top Sport

Монтереј изборија дуел со Ливерпул (Видео)

Монтереј од Мексико, шампионите на КОНКАКАФ зоната изборија пласман во полу-финалето на Светското клупско првенство. Монтереј во четврт-финалето со 3:2 го победи Ал Сад од Катар.

Монтереј постигнаа гол во 23 минута со брилијантниот гол на Вангиони. До крајот на полувремето Мексиканците ја зголемија предноста со голот на Фунес.

Катарците се вратија во мечот во 66 минута преку Бунеџах, меѓутоа десет минути подцна Монтереј ја вратија предноста од два гола преку Пизаро. Конечниот резултат го постави Хасан во претпоследната минута.

Монтереј во полу-финалето ќе играат против европските шампиони Ливерпул. Во второто полу-финале ќе се сретнат Фламенго и Ал Хилал.

Scroll to Top