Top Sport

Мопе, од херој до трагичар за Брајтон – Шмајхел му одбрани пенал (видео)

Нил Мопе, човекот кој беше херој за Брајтон при импресивната 2:1 победа над Арсенал, овојпат беше трагичар, откако имаше совршена шанса да му обезбеди победа на својот тим на гостувањето кај Лестер, за мечот да заврши 0:0.

Мопе, кој на мечот со Арсенал влезе во конфликт и со својот француски сонародник Матео Гендузи, кој го грабна за врат, во 14. минута од мечот имаше совршена шанса да ја продолжи добрата серија, но неговиот удар заврши во рацете на Каспер Шмајхел.

Со ремито, Лестер останува на третото место во Премиер лигата со 55 поени, но сега имаат само четири пред Челси, кои во петок го пречекуваат Манчестер сити. Брајтон се на 16. место со 33 поени, шест на зоната за испаѓање.

Scroll to Top