Лестер вчера го победи Манчестер јунајтед, со што дригиот тим од Манчестер, Сити, официјално ја освои шампионската титула. Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, честитајќи им ја титулата на соседите, порачал дека неговиот тим треба да се засили во преодниот рок, доколку наредната сезона сака да биде рамо до рамо со Сити.
„Заслужено се шампиони, им честитам. Засулужија да бидат на местот на кое се сега, тие се еден од најдобрите тимови во историјата на Премиер лигата“, рекол Норвежанецот и дополнил.
„Ние сакаме да бидеме на местото на кое сега се Манчестер сити. Тие поставија високи стандарди, сега ние треба да го преземем следниот чекор. Тоа е долг процес. Второто место не е нашата цел. Нема да се задоволиме со таа позиција. Се надевам дека можеме да бидеме подобри наредната сезона. Но, доколку сакаме да ги предизвикаме Сити, ќе мора да го засилиме нашиот тим“.