Алваро Мората инсистира дека е посветен на Челси и среќен во Лондон откако „Газета дело спорт“ во понеделникот објави интервју во кое тој изјави дека не е среќен во англиската престолнина, каде што е „привремено“.
Мората дојде во Челси за 58 милиони фунти ова лето како замена за Диего Коста, кој се врати во Атлетико. 25-годишниот Шпанец, кој исто така играше и во Јувентус, вели дека проблемот е во „недоразбирањето“.
„Ако Челси ми дадат десетгодишен договор, најверојатно ќе го потпишам. Многу сум среќен во овој клуб, во Лондон, со сè. Ако можам да бидам подобар би останал тука и повеќе од пет години. Но, морам да постигнам многу голови, бидејќи во овој клуб нема чекање“, вели Мората.
Тој живее во истата зграда во Лондон каде што минатата сезона живееше тренерот на Челси, Антонио Конте. Италијанскиот стратег вели дека живеењето далеку од семејството е проблем (неговата сопруга Елизабета и ќерката Викторија оваа година дојдоа во Лондон), Мората не би требало да е осамен бидејќи неговата сопруга е до него.
„Сега ми се допаѓа Лондон, но во иднина кога ќе треба моите деца да одат во училиште, нормално би сакал да биде тоа во мојата земја. Сосема нормално. Кога кажав дека Лондон е стресен град, зборував за сообраќајот и за луѓето“, вели Мората.