Top Sport

Перишиќ ги врати Интер на второто место

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ со „бомба“ од дваесетина метри им донесе на Интер гостинска 2:1 победа кај Верона и враќање на второто место на табелата во Серија А.

Шпанскиот играч од средниот ред, Борха Валеро го постигна својот прв гол во дресот на „нероаѕурите“ за водство во 36. минута, но Верона се покажа како упорен противник,  откако ветеранот Џанпаоло Пацини израмни од пенал по несмасната интервенција и фаулот на голманот Хандановиќ.

Сепак, тогаш на сцена стапи Перишиќ, кој со фантастичен гол ги врати Интер на второто место во италијанскиот шампионат со 29 поени (9 победи и 2 ремија), само 2 помалку од лидерот Наполи. Верона ја продолжува лошата серија против „Бенеамата“, и го нема победено Интер во последните 16 години (серија која трае од 1992 година).

Scroll to Top