Top Sport

Мората е „новиот“ Анелка, секогаш „многу ги сака“ своите нови клубови

Алваро Мората се врати во Јувентус, во уште еден скап трансфер на шпанскиот напаѓач, за кого досега клубовите дале речиси 200 милиони евра, и повторно е во центарот на вниманието со своите изјави за „љубовта“ кон новиот клуб, по што доби споредба со поранешниот француски напаѓач, Никола Анелка.

Од 2014 година, Мората од Јувентус премина во Реал Мадрид, па во Челси, а минатата сезона се врати во „клубот кој го сакаше од детството“, Атлетико Мадрид. Шпанската телевизиска емисија „Ел Чирингито“ собра интересни изјави од Мората при преставувањата за своите клубови:

2014 – Јувентус е клубот во кој што сакам да бидам.

2016 – Мојот сон е да успеам со Реал Мадрид.

2017 – Како дете се замислував да бидам фудбалер на Челси.

2019 – Атлетико ми носи среќа од моето детство.

Шпанските медиуми исто така го споредуваат со вечниот „фудбалски платеник“ Никола Анелка, кој откако стана ѕвезда во две сезони со Арсенал, не успеа да се снајде во повеќе големи клубови, иако секогаш велеше дека многу ги сака – Реал Мадрид, ПСЖ, Ливерпул, Манчестер сити, за потоа да падне во поинаков избор – Фенербахче, Болтон, Челси, Шангај шенхуа, ВБА и Мумбаи.

Scroll to Top