Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед повторно загубија на „Стемфорд Бриџ“ од Челси, овојпат со 1:0, за да останат на далечни осум поени зад лидерите во Премиер лигата, Манчестер сити.
Дербито на 11. коло во Англија, се случуваше во Лондон, каде што Јунајтед беа под притисок да останат во „трката“ со градските ривали Сити, додека Челси по низата просечни резултати беа под притисок да ги совладаат ривалите по шпекулациите дека Роман Абрамович планира да го смени Антонио Конте.
По почетното испитување на силите, Челси беше подобриот тим во првото полувреме и судијата им поништи сомнителен гол, поради фаул на Фил Џонс. Мората во 55. минута по одличното нафрлање на Азпиликуета им донесе заслужено водство на „Сините“, кое нема да го предадат до финишот на натпреварот.
Момците на Мурињо се обидоа со силен притисок во последните десетина минути израмнат, меѓутоа на крајот ниту обидот на Маркус Рашфорд од слободен удар во финишот на мечот не беше проблем за Челси.
Со поразот, Сити имаат 31 поени, осум повеќе пред Јунајтед и Тотенхем на второто и третото место, додека Челси останува во трката за титулата како четвротпласиран со 22 поени.