Top Sport

Мората ќе го напушти Јувентус

Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората изјави дека нема да ја продолжи кариерата во торински Јувентус, пренесуваат шпанските медиуми. Мората е член на Атлетико Мадрид. Две сезони беше на позајмица во Јувентус.

Челниците на „Старата дама“ до крајот на јуни мора да одлучат дали ќе го откупат договорот на шпанскиот напаѓач. Сепак, Јувентус не сака да плати отштета од 35 милиони евра за Мората.

„Не зависи од мене, но имам неколку можности и тоа е најважно“, изјави Мората, кој синоќе постигна гол за Шпанија, во Лигата на нации, против Португалија (1:1).

Шпанските медиуми наведуваат дека Атлетико и следната сезона нема да смета на Мората.

„Нема да ја продолжам кариерата во Јувентус. Сакам да играм некаде каде што ќе бидам сакан и почитуван“, додаде шпанскиот фудбалер.

Мората играше за Челзи и Реал пред Јувентус и Атлетико. За шпанската репрезентација настапи на 53 натпревари и постигна 26 голови.

Scroll to Top