Top Sport

Мората: Кога бев во Челси бев многу блиску до клиничка депресија

Напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората вели дека е потребно да се зборува повеќе за менталното здравје во фудбалот, признавајќи дека бил „многу блиску“ до клиничка депресија додека бил фудбалер на Челси.

„Сините“ платија тогаш рекордни за клубот 58 милиони фунти да го донесат Шпанецот од Реал Мадрид во 2017 година, но на „Стемфорд бриџ“ тој имаше само 24 гола во 72 натпревари, пред во јануари 2019 да си замине во Атлетико Мадрид, за минатото лето да направи трансфер во Јувентус.

„Никогаш не сум имал депресија и се надевам дека нема да имам, но бев блиску кога бев во Челси. Мислам дека не се дава доволно важност на менталното здравје на фудбалерите. Кога во главата не ви е добро, самиот сте најлошиот непријател. Не е важно колку пари имате или што работите. Депресијата е болест исто како кога ќе го скршите скочниот зглоб. Почнав да работам со психолог, нешто што е сосема нормално, и да работев со него во првата сезона ќе ми беше многу подобро“, вели 28-годишниот Мората.

Scroll to Top