Top Sport

Наследникот на Левандовски Баерн го најдоа во Шалке

Баерн Михен наследникот на Роберт Левандовски го најде во редовите на последнопласираниот тим во Бундес лигата, Шалке. ЕСПН, тврди дека Баварците биле сериозно заинтересирани за 20-годишниот Метју Хоп.

Шалке, наредната сезона сигурно ќе игра во втората Бундес лига, клубот се наоѓа во голема финансика криза и ќе мора да ги продаде најдобрите играчи. Според овој извор, Шалке од трансферот на Хоп, ќе заработи 20 милиони евра.

Во Баерн се решиле за младиот Американец, бидејќи Ерлинг Халанд е премногу скап.

Хоп има 20 години, а планот на Баерн е тој барем една сезона да собира искуство покрај најдобриот светски фудбалер, 33-годишниот Левандовски.

Американецот, оваа сезона има постигнато пет гола, одиграл 16 натпревари.

Scroll to Top